Капитенот на германската ракометна реперезентација, Уве Генсхајмер, имаше прилично лош старт на ова ЕП. Сепак, селекторот на Германија, Прокоп, верува дека во следните мечеви ќе го видиме стариот Уве на средбите на шампионатот.
„Уве во моментов не игра најдобро што е во неговата особеност. Неговиот талент и неговите способности се непобитни, но очигледно постои причина зошто тој не игра со леснотија за репрезентацијата. Јас не мислам дека создадовме премногу притисок за него, убеден сум дека тој стави преголем товар на очекувања на својот грб и дека ова е голем проблем. Тој е еден од најдобрите во светот и очекувам тој да се врати во ритам“, рече Прокоп за германските медиуми.

