Капитенот на нашата репрезентација, Кирил Лазаров по синоќешниот тренинг пред премиерата на ова ЕП, ги сподели своите очекувања за денешниот ривал.
„Ќе играме против непознат противник со кого се соочивме пред неколку години во едни квалификации. Наша е предноста бидејќи сме индивидуално и колективно подобри. Но, ова е Европско и затоа мора да одиграме како знаеме и умееме и да ги освоиме двата бода. За добар старт на шампионатот“, вели капитенот.

