Матија Калдара, 25-годишниот централниот дефанзивец на Милан, ќе замине на позајмица во Аталанта. Двата клуба веќе се договориле за соработката, која треба да биде официјално потврдена.
Договорот е за позајмица која ќе трае сезона и пол или точно 18 месеци. Изнајмувањето ќе биде без надомест, со тоа што Аталанта ќе има опција да го купи Калдара во јуни 2021 година за 15 милиони евра.
Денеска фудбалерот треба да ги мине лекарските прегледи во Бергамо.