Македонската ракометна репрезентација вечерва го почнува настапот на Европското првенство во Австрија. На премиерниот дуел се среќаваме со Украина во меч кој почнува од 20:30 часот.
Низ историјата првите натпревари секогаш ни претставувале проблем, но надежта е дека овој пат ќе се справиме со ривалот, како пред две години во Хрватска.
Во рамките од квалификациите за ЕП 2018 година, Македонија имаше две средби со Украина. На првиот натпревар запиша убедлива победа до шест гола разлика (27:21), додека на „реваншот“ во Украина одигравме без победник (27:27).
Денеска на ЕП се играт и првите натпревари од уште две групи:
Денеска – 1. коло
ГРУПА Б – Виена
18.15 Чешка – Австрија
20.30 Македонија – Украина
ГРУПА Д – Трондхајм
18.15 Франција – Португалија
20.30 Норвешка – БиХ
ГРУПА Ф – Гетеборг
18.15 Словенија – Полска
20.30 Шведска – Швајцарија