Напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Италија, откако утрово од Апенините стигнуваат вести дека францускиот голгетер ги прифатил понудените услови од Интер за преселба во Милано во овој јануарски преоден рок.
Сега италијанскиот клуб ќе преговара со Челзи за трансферната вредност на играчот. Англискиот клуб има намера да добие најмалку 10 милиони евра за Жиру, но информациите од Италија велат дека Интер дава најмногу 5 милиони.