Сè е подготвено за големото враќање на Златан Ибрахимовиќ во Милано. Според најавите од Италија, Ибра денеска треба да слета во Милано, по што веднаш ќе се упати кон клиниката „Ла Мадонина“.
Според планот, таму треба да ги помине задолжителните лекарски прегледи, по кои ќе замине во клупската база на „росонерите“ и ќе стави параф на 6-месечен договор со својот поранешен клуб.