Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»КФСМ ги врачи наградите за најдобрите во 2019 година
    Кошарка

    КФСМ ги врачи наградите за најдобрите во 2019 година

    sasoBy saso25/12/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    На посебна свеченост, вечерва, македонската кошаркарска федерација ги врачи наградите за најдобрите во 2019 година. Ненад Димитријевиќ од екипата на Хувентуд е кошаркарот на годината во изборот на КФСМ.

    Наградата за најдобра кошаркарка годинава отиде во рацете на Александра Стојановска. Наградата за најдобар тренер, отиде во рацете на предводникот на шампионскиот тим на МЗТ Скопје А., Ѓорѓи Кочов.  Во женска конкуренција, тренерот на ЖКК Вардар, Жаклина Стојановска, беше прогласена за тренер на годината. Најдобар македонски тренер во странство е Емил Рајковиќ.

    Шампионот во машка конкуренција, МЗТ Скопје А. е најдобрата екипа за 2019 година, додека кошаркарите на Вардар се прогласени за најдобра женска кошаркарска екипа во тековната година. Во конкуренција на најдобрите млади кошаркари, оваа година признанијата завршија кај Андреј Јакимовски за најдобар младинец и кај Илина Селцова, која беше прогласена за најдобра младинка.

    Најуспешна младинска репрезентација во машка конкуренција е селекцијата до 16 години. Александар Милојевиќ е најдобриот судија за оваа година. Признанието за најдобра женска екипа во младинска конкуренција отиде во рацете на екипата на Бадел, додека МЗТ Скопје ја има најдобрата машка младинска екипа за тековната година. За најдобар тренер во женска младинска конкуренција е проглесен Владимир Ѓоровиќ од Бадел, а за најдобар тренер во машка младинска конкуренција, Горан Крстевски од МЗТ Скопје.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.