Со присуство на 92 од 128. делегати на Собранието, Македонскиот олимписки комитет денеска се преименува во Олимписки комитет на Северна Македонија.
Денеска најжешката тема беше околу промената на Статутот на олимпискиот комитет според кој во иднина мнозинството на гласови ќе го имаат олимписките спортови.
Во иднина Собранието на МОК ќе има 53 члена, од кои 29 се од олимписките спортови, а 24 се индивидувалци. За во април е закажано ново Собрание, а според најавите, промена на претседателското место нема да има до завршувањето на ЛОИ во Токио следната година.

