Евертон не само што не потпишал договор со Карло Анчелоти, туку немал ни конкретна понуда до него. Ваква информација денеска се појави на социјалните мрежи на профилите на неколку новинари кои ги следат случувањата во англискиот фудбал. Вчера од Англија, пак, стигнаа сосема поинакви вести, дека преговорите со екс-тренерот на Наполи се веќе започнати. И покрај различните информации, засега од Евертон уверуваат дека финален избор се уште не е направен, а има неколку кандидати за наследник на Марко Силва кој пред 10-тина дена го заврши престојот на „Гудисон Парк“.
Author: saso
ФИФА поднесе тужби во швајцарските судови за да си наплати 1,56 милиони фунти, пари што нелегално поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер му ги исплатил на поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини. „ФИФА денес покрена тужби во соодветните швајцарски судови против поранешниот претседател на Меѓународната фудбалска федерација и поранешниот потпретседател на ФИФА, Мишел Платини, барајќи решение за случајот од два милиони франци кои што нелегално му биле исплатени на господинот Платини во февруари 2011 година“, стои во изјавата на ФИФА. Според ФИФА, „подарокот“ бил дефиниран како „нелегална исплата“, повикувајќи се на одлуката на Швајцарскиот Врховен суд.
Наполи на нашиот Елиф Елмас ќе игра против Барселона во еден од најинтересните дуели во осминафиналето на ЛШ. На денешната ждрепка во Нион, среќата сакаше во оваа фаза да ги вкрсти и Реал (М) и Манчестер Сити. Шпанскиот гигант кој освои три титули во последните 4 изданија на турнирот ќе биде домаќин на првиот дуел со англискиот шампион, додека реваншот ќе се игра на „Етинад“. Актуелниот европски шампион Ливерпул во осминафиналето ќе се сретне со Атлетико (М). Првите натпревари од оваа фаза се закажани за 18, 19, 25 и 26 февруари, а реваншите на 10, 11, 17 и 18 март.…
По вчерашниот пораз на дербито со Феенорд, менаџерскиот тим на ПСВ утрово ја заврши соработката со тренерот Марк ван Бомел. Континуираната серија на негативни резултати е причина за ваквата одлука. „Падот е преголем и недостоен за ПСВ“, изјави генералниот менаџер Тон Гербрандс во име на раководството на клубот. ПСВ ќе го претстави привремениот наследник на Марк ван Бомел денеска. Марк ван Бомел беше прв човек на клупата на составот од Ајндховен во изминатите осумнаесет месеци.
Викендов во Скопје се одржа третиот по ред традиционален меѓународен карате турнир „Трофеј на Македонија“, на кој македонските каратисти освоија две златни медали. Златно одличје за Македонија донесоа Ангела Мојсовска во категоријата до 68 килограми во борби и Пулексенија Јованоска во кати. Најдобриот спортист на Македонија за 2018 година, Емил Павлов освои бронза во категоријата до 60 килограми. На турнирот учествуваа најдобрите каратисти од Македонија, Турција, Албанија, Косово и Бугарија.
Лидерот на Истокот во НБА лигата, Милвоки Бакс, нема да може да смета на плејмејкерот Ерик Бледсо најмалку две недели. 30-годишниот Бледсо има мала фрактура на ногата која ја доби во петокот кога се судри со неговиот соиграч Весли Метјус. Од почетокот на сезоната за екипата на Милвоки, која е во серија од 18 последователни победи, Бледсо има просек од 15 поени, 5,7 асистенции и 4,9 скока по натпревар.
Напаѓачот на Олимпик Лион, Мемфис Депај синоќа на мечот со Рен во француската Лига 1 заработи тешка повреда на лигаментите на коленото, поради што ризикува настап дури и на европското превенство следната година. На Депај му беше дијагностицирана руптура на предниот вкрстен лигамент на левото колено, а играчот имаше слична повреда и на десното колено. По операцијата која е неопходна, Депај ќе мора да мирува најмалку 6 месеци. Со тоа тој веројатно ќе има минимални шанси да заигра на Еуро 2020.
Тренерот на Интер Антонио Конте не беше задоволен од ремито 1-1 со Фиорентина синоќа. „Нероаѕурите“ имаа водство до пред самиот крај на мечот, но дозволија да примат гол и да останат само со бод од ова тешко гостување. Ова беше второ последователно разочарување за тимот на Конте, откако оваа недела Интер загуби и од Барселона во Лигата на шампионите и не успеаја да стигне до 1/8-финалето. „И во двата натпревара, не ги заслуживме резултатите кои излегоа на крајот. Против Барселона, плативме за промашените шанси, а денеска видов силен одговор од екипата, но на крајот повторно бевме разочарани од израмнувачкиот гол.…
Екипата на Алфа Телевизија е победник на 27. издание на Традиционалниот турнир во мал фудбал на медиумите, во организација на Спортското радио 90.3 фм. Во финалниот меч на турнирот, Алфа беше подобра од екипата на Алсат М со 1:0 и со тоа дојде до првото место на годинашниот турнир. Денеска во финалниот ден на турнирот гледачите во салата на о.у. Круме Кепески во Скопје имаа можност да видат и многу други интересни мечеви и некои специјални изненадувања. Беа одиграни мноштво ревијални дуели во кои имаше навистина одличен фудбал. 12.00 ФИНАЛЕ КОМПАНИИ: АСТРА КАЗИНО – ВИВАКС 5:3 14.00 РЕВИЈАЛНА ГРАД СКОПЈЕ…
Најновите вести од Италија тврдат дека Интер, наводно, се согласил да и плати на Аталанта 35 милиони евра за шведскиот интернационалец со македонски корени, Дејан Кулушевски. Кулушевски е профил на играч кој му треба да Антонио Конте и затоа тренерот на миланезите инсистира д аго добие во тимот оваа зима. Трансферот би можел да се реализира во јануари, како што впрочем и бара Конте, но тоа би можело да биде комплицирано само поради тоа што тој е на позајмица во Парма. „Кориере дела Сера“ пренесува дека „нероаѕурите“ дошле на договор со Аталанта, а 19-годишниот фудбалер не би имал против веќе…
