Тренерот на Интер Антонио Конте не беше задоволен од ремито 1-1 со Фиорентина синоќа. „Нероаѕурите“ имаа водство до пред самиот крај на мечот, но дозволија да примат гол и да останат само со бод од ова тешко гостување. Ова беше второ последователно разочарување за тимот на Конте, откако оваа недела Интер загуби и од Барселона во Лигата на шампионите и не успеаја да стигне до 1/8-финалето.
„И во двата натпревара, не ги заслуживме резултатите кои излегоа на крајот. Против Барселона, плативме за промашените шанси, а денеска видов силен одговор од екипата, но на крајот повторно бевме разочарани од израмнувачкиот гол. Заслуживме повеќе денес и на натпреварот со Барселона. Треба да ја подобриме нашата игра во последната фаза и во одбраната“, рече Конте.

