По вчерашниот пораз на дербито со Феенорд, менаџерскиот тим на ПСВ утрово ја заврши соработката со тренерот Марк ван Бомел. Континуираната серија на негативни резултати е причина за ваквата одлука.
„Падот е преголем и недостоен за ПСВ“, изјави генералниот менаџер Тон Гербрандс во име на раководството на клубот.
ПСВ ќе го претстави привремениот наследник на Марк ван Бомел денеска. Марк ван Бомел беше прв човек на клупата на составот од Ајндховен во изминатите осумнаесет месеци.

