Легендарниот голман на италијанскиот шампион Јувентус, Џанлуиџи Буфон не размислува да се откаже од фудбалот и планира да го обнови својот договор со Јуве за уште една сезона, до 2021 година.
Вечерва, 41-годишниот голман се очекува да игра за Јуве против Сампдорија и да го израмни рекордот на Паоло Малдини од 647 натпревари во Серија А.
Тековниот договор на Буфон истекува во јуни, но и раководството на Јуве сака да го задржи голманот за уште една сезона.
