Играчот за врска на австриски Салцбург, Такуми Минамино, пристигна во Ливерпул каде денеска ќе биде подложен на лекарски прегледи, по што и официјално ќе може да потпише договор со европскиот шампион.
Според информацијата на „Ливерпул Ехо“, „црвените“ се согласиле да ја активираат клаузулата за раскин на договорот на Јапонецот со неговиот сегашен клуб во висина од 7,25 милиони фунти.
Доколку не се појавт проблеми при прегледите, 24-годишниот фудбалер се очекува да го заврши трансферот на првиот ден од новата година. Првиот натпревар на кој тој би можел да игра би бил дуелот од 3. коло на ФА Купот на домашен терен против Евертон на 5 јануари.