Индијана му го нанесе четвртиот пораз сезонава на тимот на ЛА Лејкерс во еден од најинтересните натпревари одиграни синоќа. Пејсерс славеа со 105-102 благодарение на извонредниот настап на Домантас Сабонис.
Тој постигна 26 поени и направи 10 скока и 4 асистенции. Кај поразените Леброн Џејмс постинга 20 поени.
Градските ривали на „езерџиите“, Лос Анџелес Клиперс славеа пред своја публика на средбата со Феникс Санс со 120:99 по што останаа на втората позиција на западот. Најпродуктивен играч на натпреварот беше Пол Џорџ кој имаше 24 поени, 3 скока и 1 асистенција. Неговиот партнер Каваи Леонард постигна 20 поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Сакраменто 110:102
Индијана – ЛА Лејкерс 105:102
Њујорк – Атланта 143:120
Њу Орлеанс – Бруклин 101:108 (пр.)
Јута – Орландо 109:102
ЛА Клиперс – Феникс 120:99