Ватфорд и официјално го објави името на новиот менаџер на тимот. Станува збор за Најџел Пирсон, кој ги презема „стршлените“ со договор до крајот на сезоната.
Стратегот ќе го замени Кике Санчез Флорес, кој беше отпуштен пред околу една недела, откако беше поразен на мечот со Саутемптон со 1:2.
Пирсон е некогашен менаџер на Саутемптон и Лестер, кој последните две сезони ги помина како тренер на белгискиот второлигаш Лувен.

