Браќата Аљоша и Дејан Недеви го освоија трето место во дисциплината ен-бу на ИТКФ Светскиот шампионат во Куритиба, Бразил кој се одржа од 6-8 декември.
Дејан Недев во дисциплината фукуго го освои 4. место и за влакно му избега финалето, а во борба за бронзен медал беше оштетен од судиите и на крајот остана без медал.
На годинешниот светски шампионат во традиционално карате учествуваа 32 земји со над 400 натпреварувачи од целиот свет.