Шпанската фудбалска легенда, Давид Виља, и официјално стави крај на својата богата играчка кариера. Фудбалерот кој долго време беше еден од најдобрите шпански напаѓачи, се прости од активното играње фудбал со еден гол на својот последен натпревар.
На дуелот меѓу екипите на Висел Кобе и Џубило Ивата, Виља постигна еден од четирите гола за својот тим со кој Кобе славеше со 4.1.