Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, искрено призна дека шансите за неговиот тим да ја одбрани титулата во Премиер лигата оваа сезона се минимални. По последниот пораз на градското дерби со Манчестер Ј. и победата на Ливерпул против Бурнмаут, разликата меѓу двата најголеми ривали за трофејот во Англија е веќе 14 бода.
„Нереално е да го стигнеме Ливерпул. Секако тоа не значи дека се предаваме. Наша должност е да продолжиме да се бориме. Има уште многу работи за кои треба да се бориме. Тешко е да бркате противникот кој има 15 победи во 16 меча. Тоа е неверојатна серија“, изјави Пеп.

