Менаџерот на Манчестер Јунатед , Оле Гунер Солскјер, во интервју за клупската телевизија, потврди дека во зимскиот преоден рок ќе бара нови имиња за засилување на тимот.
Норвежанецот е една година на чело на Манчестер Јунајтед и се обидува да ја промени политиката на купување на скапи ѕвезди, па сака да ја продолжи политиката од доведување на играчи како Ван-Бисака и Даниел Џејмс.
Според најавите, тој во јануари нема да се залетува со трошење на големи суми за нови играчи, затоа што пазарот и понудата ќе бидат ограничани. Оттука Солскјер вели дека нема да биде ложо клубот да позајми еден или двајца играчи до крајот на сезоната.

