Напаѓачот на Реал Мадрид, Еден Азар, вели дека оваа година „Златната топка“ треба да замине во рацете на некој од фудбалерите на европскиот шампион Ливерпул.
„Јас би ја доделил наградата на играч на Ливерпул. Можеби Мане, Салах или ван Дајк. Сите ја заслужуваат. Ако Садио победеше на Африканскиот куп на нации, тогаш немаше да се дискутира. Би било супер ако тој ја добие награда или Мо, со кого сум пријател. Тоа би било одлично и за африканскиот фудбал и за англискиот. Што се однесува до мене, јас би бил многу среќен како добитник на Златната топка, но не сум оптоварен со тоа. Јас секогаш бев тој што играше за тимот. Можеби ќе ја освојам еднаш или двапати. Ајде да видиме“, вели Азар за „Ле Паризиен“.