Во дербито на вечерта во НБА лигата, кошаркарите на Хјустон Рокетс на домашен терен го победија тимот на Лос Анџелес Клиперс со 102:93 и со тоа ја обезбедија и петтата последователна победа сезонава.
Главен актер на средбата беше Џејмс Харден, кој собра колекција од 47 поени, 7 асистенции, 6 скокови и 3 украдени топки. Дабл-дабл во составот на „ракетите“ оствари и центарот Клинт Капела (12 поени, 20 скокови). Расел Вестбрук постигна 17 поени.
Визардс, пак, и покрај одличниот Бредли Бил кој постигна 44 поени не успеја да се спасат од пораз на гостувањето кај Бостон. Селтикс славеа со 140:133, а одлична партија кај домашните имаа Кемба Вокер со 25 поени, 5 скокови и 5 асистенции и Џејсон Татум кој постигна 23 поени.
Шарлот – Мемфис 117-119
Орландо – Филаделфија 112-97
Бостон – Вашингтон 140-133
Хјустон – ЛА Клиперс 102-93
Минесота – Сан Антонио 129-114
ЛА Лејкерс – Голден Стејт 120-94
Портланд – Торонто 106-114

