Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо е подготвен да игра за Португалија на денешниот меч со Литванија и покрај загриженоста за неговата физичка состојба.
Селекторот на Португалија Фернандо Сантош, пред двата решавачки квалификациски меча со Литванија и Луксембург потврди дека Роналдо е во добра форма.
„Ако Роналдо не беше здрав, тој немаше да биде повикан во тимот. Сите сакаат да зборуваат за него и да шпекулираат затоа што тој е најдобриот играч на светот. Ако имаше некој друг, немаше да има таква тензија, но можам да ве уверам дека Роналдо е во форма и ќе игра“, рече Сантос.