Селекторот на Ерменија, Абрахам Кашманјан, понуди оставка уште на прес-конференцијата по синоќешниот дебакл на неговата репрезентација на гостувањето во Палермо против Италија од 9:1.
Тој беше назначен само пред неколку недели и го направи своето деби во поразот од Грција со 1:0, но тоа како да беше само најава за понижувањето во Палермо.
„Вечерва играта за жал го отсликува имиџот на ерменскиот фудбал во моментов“, изјавил Кашманјан на прес-конференцијата.
„Од моментот кога ја презедов работата, реков дека ќе биде деликатна ситуација. Јас ја преземам одговорноста, се е наша грешка. Дојдовме тука без толку многу наши фудбалери. Ако Федерацијата смета декавината е моја, тогаш можам да си заминам уште утре. Ако не, ако Федерацијата одлучи дека треба да продолжам со мојата работа, тогаш морам целосно да го преиспитам овој тим, затоа што според мене ништо не работи како што треба“, дополнил селекторот на Ерменија.

