59-годишниот Рафаел Бенитез на крајот на сезоната би можел да се врати во Англија и да го преземе тимот на Вест Хем. Англискиот печат денеска пишува дека „чеканите“ се на пат да се разделат со Мануел Пелегрини, затоа што тој и оваа сезона не успева да го однесе тимот на позиција која раководството на клубот ја очекуваше пред сезоната.
Бенитез во моментов е на чело на кинескиот Далијан. Иако заработува 12 милиони фунти годишно, во Вест Хем веруваат дека ако дојде повик од нив, Бенитез сигурно ќе биде заинтересиран да се врати во Англија.
Пелегрини се најде под притисок, по поразот од 3-0 од Барнли во последниот натпревар пред меѓународната пауза.
