Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година вечерва ќе ѝ гостува на Шпанија во рамките на 4. коло од квалификациите за Европското првенство 2021 година.
По три меча, Македонија има две победи и реми, додека Шпанците се со максимален учинок и тоа без примен гол. Шпанскиот селектор, Луис де ла Фуенте, пред мечот истакна дека Шпанија е пред два клучни меча.
„И двата натпревари се клучни. Тие се можеби најтешките ривали во групата. Македонија и Израел имаат одлични индивидуалци и физички се многу силни. Очекуваме да дојдат тука да пружат одлична партија“, смета Де ла Фуенте.
Дуелот вечерва почнува од 19:45 часот во Алкоркон.