Македонската А фудбалска репрезентација се подготвува за дуелите со Австрија и Израел. На еден од последните тренинзи пред заминувањето за Австрија, нашиот репрезентативец Енис Барди вели:
„Поголема мотивација од тоа што сме тука нема. Ние сме професионалци и играме за да бидеме подобри, а оваа година беше добра за нас, направивме одлични работи и овие два меча можат да ни помогнат да одиме напред. Дуелите кои ни следуваат ни значат многу. Се уште имаме една шанса да одиме на ЕУРО 2020, а тоа е преку Лигата на нации. Мора да бидеме сконцентрирани и да дадеме максимум, а нашата цел е пласман на Европското првенство“.