Германскиот шампион Баерн Минхен започнува офанзива за крилото на Манчестер Сити, Лерој Сане, објави весникот „Мирор“.
Според весникот, баварскиот гигант ќе излезе со понуда за германскиот репрезентативец уште во јануари, по разговорите со Сити, кои летово не дадоа резултат.
Баерн ќе им понуди на „граѓаните“ 105 милиони евра за Сане, сума во која може да се најде и еден од сегашните првотимци на тимот, Кингсли Коман. Опцијата е малку веројатно да му одговара на Баерн, но сепак, останува да се види како ќе течат преговорите.
Мирор откри и дека Баварците му понудиле на Сане годишна плата од 23 милиони евра, што ќе го направи најплатен играч во клубот.

