Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, го подобри рекордот на Кејлор Навас за „празна мрежа“. Во победата од 4-0 над Еибар, 27-годишниот Белгиец забележа рекорд од 536 минути без примен гол.
Најдобрата изведба на „кралскиот клуб“ досега ја имаше Кејлор Навас со 517 минути со „празна мрежа“.
Од почетокот на сезоната Куртоа има 14 натпревари за Реал Мадрид на сите турнири во кои тој има примено само 12 гола.

