Author: saso

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос постигна гол на дуелот од 11-то коло од шампионатот на Шпанија со Леганес и со тоа стана само вториот играч во историјата на Ла Лига, по напаѓачот на Барселона Лионел Меси, кој постигнал гол во 16-та сезона на Ла Лига во низа. Рамос (33) е во Реал Мадрид од 2005 година. Вкупно, како дел од „кралскиот клуб“, тој одигра 468 натпревари во шпанското првенство, во кои стана автор на 62 постигнати голови, а исто така даде и 30 асистенции.

Read More

Фудбалерите на Торонто и Сиетл ќе се борат за титулата во МЛС лигата оваа сезона. Синоќа во второто полуфинале од плеј-офот во американската фудбалска конкуренција, екипата на Торонто на гостински терен славеше кај Атланта Јунајтед со 2:1 и со тоа си го обезбеди местото во големото финале. Претходно во првиот полуфинален натпревар, Сиетл го победија Лос Анџелес со 3:1 и обезбедија место за финалето кое е закажано за 10 ноември.

Read More

Интер објави рекордни приходи на клубот за сезоната 2018/19 година. Миланскиот клуб објави финансиски извештај во кој стои дека приходите на клубот се зголемиле за 20% во однос на минатата сезона и изнесувале 417 милиони евра. Ова се највисоки приходи во клупската историјата. Интер забележа и пораст од 9% во профитот на спонзорства, што на крајот на сезоната достигнаа 138 милиони евра. Загубите во сезоната 2018/19 година изнесувале 48,8 милиони евра и се поврзани со трансферни активности.

Read More

Младите каратисти од Македонија имаа успешен настап на 11-тото светско карате првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21, кое се одржа во Чиле. Од Јужна Америка нашите млади репрезентативци се враќаат со дел од најдобрите резултати во историјата на младинските светски првенства. Нашиот кадет Бојан Костов во категоријaта -52кг повторно се закити со медал за освоеното трето место. Висок пласман оствари и нашиот најдобар млад натпреварувач во кати Александар Неделковски, кој се бореше за медал, но на крајот заврши како 5-ти. Во конкуренција на помлади сениорски (У21) Ангела Мојсовска во категоријата -68кг исто така го освои петтото место, додека…

Read More

На 19 ноември пред почетокот на дуелот меѓу Милано и Макаби ТА во Евролигата, екипата на Олимпија Милано ќе одржи церемонија на која ќе биде повлечен дресот на италијанскиот клуб со бројот 11. Дресот на Милано со бројот 11, во минатото го носеше еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, Дино Менегин, па клубот одлучи во негова чест славната 11-ка да остане во аналите на клубот.  Менегин за 11 години, освои пет титули во Италија и две во Купот на европските шампиони. Во 1970 беше првиот Италијанец драфтуван во НБА.

Read More

Вицешампионот Голден Стејт, конечно, во третиот натпревар оваа сезона ја оствари првата победа. Синоќа на гостувањето кај Њу Орлеанс, „воините“ славеа со 134-123 и ја донесоа првата радост за своите навивачи. Стеф Кари беше најдбар во составот на Голден стејт со 26 поени и 11 асистенции, а Расел постигна 24. Денвер со 101:94 го победи Сакраменто на гостински терен и за себе си ја обезбеди третата сезонска победа во исто толку одиграни средби. Сакраменто, пак, го доживеа и третиот пораз оваа сезона. Јокиќ постигна скромни 9 поени, а најдобар на мечот беше Холмс од Сакраменто со 24 поени и 13…

Read More

Поранешниот играч од средниот ред на Ајакс и Тотенхем, Рафаел ван дер Варт го повика лондонскиот клуб да го купи фудбалерот на Ајакс, Хаким Зијех. Според холандскиот фудбалер, тој веќе испратил СМС порака до претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, советувајќи го да обрне внимание на Зијех. 26-годишниот Мароканец оваа сезона постигна седум гола на 17 одиграни натпревари. Минатата сезона со Ајакс го освои шампионатот и Купот на Холандија, а исто така стигна и до полуфиналето на ЛШ. Тековниот договор на Зијех со Ајакс е до 2022 година. „Се надевам дека Зијех ќе се пресели во Тотенхем. Му испратив порака на…

Read More

Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Сити, Џек Родвел нема да се пресели во Рома како слободен агент, пренесе „Кориере дело Спорт“. Според изворот, раководството на „волчицата“ не било убедено во квалитетите и формата на 28-годишниот Англичанец, кој дојде во Рома на проба. Родвел е дете на Евертон, чии бои ги бранеше од 2008 до 2012 година. Потоа, за 15 милиони евра, се преслеи во Манчестер Сити. Откако помина две години во редовите на „граѓаните“ за 12,6 милиони евра се пресели во Сандерленд, каде што настапуваше четири години, а минатата сезона ја мина во Блекбурн, каде дојде како слободен…

Read More

Играчот од средниот ред на француски Лил, Бубакари Сумаре, наскоро може да се пресели во англиската Премиер лига. Според ЕСПН, Манчестер Јунајтед е заинтересиран за услугите на 20-годишниот фудбалер. „Црвените ѓаволи“, заедно со голем број европски клубови, веќе неколку години го следат развојот на Бубакари и сега се подготвени да го купат. Во играчот од средниот ред, Манчестер Ј. гледа долгогодишна замена за Пол Погба, чија судбина во Англија е неизвесна и се повеќе се зборува за негово заминување во Реал или Јувентус. Договорот на Сумаре со Лил истекува следното лето.

Read More

Најдобриот кошаркар на европскиот шампион ЦСКА (М), Американецот Вил Клајбурн доби руптура на лигамент на десното колено. Според информацијата од московјаните, Клајбурн ќе мора да оди на операцијата, по што го чека долг период на рехабилитација. Американскиот кошаркар се повреди на мечот од 4. коло во Евролигата во кое ЦСКА се сретна со екипата на Алба. На дуелот Клајбурн одигра нешто помалку од девет минути, реализирајќи 2 поени.

Read More