Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Сити, Џек Родвел нема да се пресели во Рома како слободен агент, пренесе „Кориере дело Спорт“. Според изворот, раководството на „волчицата“ не било убедено во квалитетите и формата на 28-годишниот Англичанец, кој дојде во Рома на проба.
Родвел е дете на Евертон, чии бои ги бранеше од 2008 до 2012 година. Потоа, за 15 милиони евра, се преслеи во Манчестер Сити. Откако помина две години во редовите на „граѓаните“ за 12,6 милиони евра се пресели во Сандерленд, каде што настапуваше четири години, а минатата сезона ја мина во Блекбурн, каде дојде како слободен агент. На крајот на сезоната си замина и во веќе 6 месеци е без клуб.

