Вицешампионот Голден Стејт, конечно, во третиот натпревар оваа сезона ја оствари првата победа. Синоќа на гостувањето кај Њу Орлеанс, „воините“ славеа со 134-123 и ја донесоа првата радост за своите навивачи.
Стеф Кари беше најдбар во составот на Голден стејт со 26 поени и 11 асистенции, а Расел постигна 24.
Денвер со 101:94 го победи Сакраменто на гостински терен и за себе си ја обезбеди третата сезонска победа во исто толку одиграни средби. Сакраменто, пак, го доживеа и третиот пораз оваа сезона. Јокиќ постигна скромни 9 поени, а најдобар на мечот беше Холмс од Сакраменто со 24 поени и 13 скока.
НБА синоќа:
Детроит – Индијана 96:94
Њујорк – Чикаго 105:98
Атланта – Филаделфија 103:105
Торонто – Орландо 104:95
Хјустон – Оклахома Сити 116:112
Милвоки – Кливленд 129:112
Њу Орлеанс – Голден стејт 123:134
Сан Антонио – Портланд 113:110
Феникс – Јута 95:96
Сакраменто – Денвер 94:101
ЛА Клиперс – Шарлот 111:96