Фудбалерите на Торонто и Сиетл ќе се борат за титулата во МЛС лигата оваа сезона. Синоќа во второто полуфинале од плеј-офот во американската фудбалска конкуренција, екипата на Торонто на гостински терен славеше кај Атланта Јунајтед со 2:1 и со тоа си го обезбеди местото во големото финале.
Претходно во првиот полуфинален натпревар, Сиетл го победија Лос Анџелес со 3:1 и обезбедија место за финалето кое е закажано за 10 ноември.