Најдобриот кошаркар на европскиот шампион ЦСКА (М), Американецот Вил Клајбурн доби руптура на лигамент на десното колено. Според информацијата од московјаните, Клајбурн ќе мора да оди на операцијата, по што го чека долг период на рехабилитација.
Американскиот кошаркар се повреди на мечот од 4. коло во Евролигата во кое ЦСКА се сретна со екипата на Алба. На дуелот Клајбурн одигра нешто помалку од девет минути, реализирајќи 2 поени.

