Фран Ескриба повеќе не е тренер на Селта. Веднаш откако вчера во меч од новото коло во Ла Лига, Селта загуби дома од Хетафе со 1:0, управата му врачи отказ.
Четвртиот последователен пораз ги остави фудбалерите од Виго на 18-то место со 9 бода, по што клупските газди решија дека е време за промени. Според информациите од шпанскиот печат, има тројца кандидати за негов наследник.
Во фокусот се имињата на Кике Сетиен, Абелардо Фернандез и Чави Грасија.

