На Удинезе му требаат 24 часа да ја разгледа позицијата на тренерот Игор Тудор по срамните порази од Аталанта и Рома. Според дел од италијанскиот печат, фаворит за тренерското место во Удинезе сега е Џенаро Гатузо.
Поразот од 7:1 од Аталанта во неделата беше шокантен, но делумно оправдан поради фактот што Удинезе цел час играше со 10 фудбалери.
Сепак, вчера Удинезе имаше играч повеќе цел час против Рома и дома дозволи да загуби со неверојатни 4:0.
Директорите на Удинезе најавиле дека денеска ќе ја донесат одлуката за иднината на хрватскиот стратег. Се верува дека Гатузо е фаворит, а кандидати за нов тренер на тимот се и Паскале Марино и Стефано Колантуно.

