Кошаркарите на ЛА Клиперс остварија и втора победа во новата сеозна од НБА лигата, откако синоќа го добија дербито против вицешампипнот Голден Стејт на гостински терен со 141:122. Лу Вилијамс заврши со 22 поени и 8 асистенции, а Каваи Леонард придонесе во победата на Клиперси со 21 поен и 9 асистенции. Стеф Кари беше на ниво кај Воините во учинок со 23 поени, додека Расел уфрли 20 поени со 8 асистенции.
Антетокунпо забележа трипл-дабл и му помогна на Милвоки да направи пресврт кај Хјустон и на крајот со 117:111 да слави на второто големо синоќешно дерби. Гркот постигна 30 поени, 13 скока и 11 асистенции.
За третата гостинска победа синоќа се избори Атланта која на гости го совлада Детроит со 117:110.

