Author: saso

Аргентинската фудбалска ѕвезда во дресот на Бареслона, Лионел Меси потврди дека добил понуда од каталонскиот тим да потпише договор со клубот до крајот на играчката кариера. Но, како што вели, одбил. Неговиот договор со каталонскиот тим е за уште две години, но во Барселона се сигурни дека аргентинскиот ас може да игра на највисоко ниво и по СП 2022. „Вистина е дека Барселона ми понуди доживотен договор, но им кажав дека не сакам договор кој ме врзува на таков начин. Сакам само да сум здрав и да продолжам да игра, и натаму да се борам за голови во Барселона. Можам…

Read More

Реал Мадрид вечерва ќе остане без услугите на најголемото летно засилување, Еден Азар. Имено, на гостувањето против Мајорка, Зидан нема да смета на Белгијанецот, кој по четвртипат стана татко. На негово место ќе се појави бразилскиот напаѓач Мариано. Белгискиот интернационалец им се придружува на Бејл, Модриќ, Крос, Лукас Васкез, Асенсио и Начо, кои исто така главно поради повреди нема да му бидат на располагање на Зидан вечерва.

Read More

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да обезбеди пласман во финалето на ИТФ фјучерсот во Анталија за награден фонд од 15.000 долари. Таа денеска беше совладана од Магдалена Пантучкова од Чешка со 2-0 во сетови 6-1 и 6-2. Ѓорческа играше одлично до ова полуфинале, каде противничката покажа повеќе желба за големото финале и убедливо го доби мечот. Сепак, Ѓорческа ја очекува финалето во двојки, заедно со Мариана Дражиќ.

Read More

Фудбалската федерација на Македонија и Македонскиот Центар за Култура и Развој по 20. пат ја организираат ФАРЕ – Акционата недела за борба против расизмот, национализмот и сите видови на дискриминација во фудбалот. Оваа година акционата недела се организира во 60. земји, вклучени се над 150.000 поединци и 2.000 организации. „Фудбалот е игра која мора да биде достапна за секого, без оглед на тоа кој е, од каде доаѓа и како игра. Ние ја нагласуваме нашата цврста заложба за славање на различноста и за инклузивност. Во фудбалот нема место за национализам и дискриминација, фудбалот ги зближува луѓето со различна вероисповест и…

Read More

Милан ќе мора да продава играчи за време на зимскиот преоден рок. Според италијанските весници, во буџетот на клубот е формирана дупка од 146 милиони евра. Сега клубот ќе се обиде да го затвори долгот со голем трансфер. Оттука, веќе почнаа шпекулациите дека „росонерите“ оваа зима ќе се збогуваат или со голманот Донарумама или со Шпанецот Сусо. Нивната вредност значително се зголеми, а Донарумама одамна е интерес на европските клубови. За Сусо исто така има неколку заинтересирани гиганти кои можат да ја платат бараата цена за него.

Read More

По убедливиот пораз од Кил во Лигата на шампионите (31-20), неочекувано стигна тренерска ротација на клупата на европскиот шампион Вардар. Според информациите кои се проширија во јавноста, досегашниот спортски директор Едуард Кокшаров ќе ја има улогата на прв тренер на екипата, додека досегашниот прв тренер Давид Писонеро ќе биде негов асистент. Наводно шпанскиот стратег ја прифатил оваа одлука на клубот од кого се уште се очекува официјално да ги потврди овие вести. Следниот меч за европскиот шампион е на гостински терен против Веспрем.

Read More

По четиридневна борба за животот и со максимален напор од лекарите, американскиот боксер Патрик Деј им подлегна на тешките повреди на мозокот кој ги заработи во борбата против својот сонародник Чарлс Конвел. 27-годишниот професионален боксер доби тешки удари во последната рунда од нивната изедначена борба, која за жал се претвори во трагична за Деј. „Патрик почина во средата навечер опкружен од својата фамилија, блиските пријатели и членовите на неговиот тим. Тој беше син, брат и добар пријател на многу луѓе. Неговата добрина, позитивност и дарежливоста направија да остави впечаток кај сите луѓе кои ги запозна во животот“, се вели во…

Read More

Поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри на шега одговори на прашањето за евентуалното негово назначување за нов тренер на Манчестер Јунајтед. „Јас сè уште не зборувам доволно добро англиски, но учам“, вели Алегри. Претходно беше објавено дека Манчестер Јунајтед е близу до потпишување договор со Алегри, според кој платата на 52-годишниот стратег на „Олд Трафорд“ ќе биде околу 7,5 милиони евра годишно.

Read More

Поранешниот селектор на САД, Јирген Клинсман најверојатно ќе биде новиот селектор на фудблската репрезентација на Еквадор. Според локални извори, договорот е веќе постигнат, се очекува само промоција на германскиот стратег. Клинсман (54) претходно беше селектор и на германската репрезентација, работеше во Баерн Минхен и репрезентацијата на САД. Од ноември 2016 година Клинсман е надвор од фудбалот и ова е одлична шанса да се врати на тренерската работа.

Read More

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Герет Бејл, нема да може да го одигра мечот од 9. коло на шпанската Ла Лига со Мајорка поради повреда. Според информациите од Шпанија, тој може да го пропушти и натпреварот од 10. коло од шпанското првенство против Барселона. Бејл се повреди на квалификацискиот натпревар со репрезентацијата на Хрватска (1:1).

Read More