Милан ќе мора да продава играчи за време на зимскиот преоден рок. Според италијанските весници, во буџетот на клубот е формирана дупка од 146 милиони евра. Сега клубот ќе се обиде да го затвори долгот со голем трансфер.
Оттука, веќе почнаа шпекулациите дека „росонерите“ оваа зима ќе се збогуваат или со голманот Донарумама или со Шпанецот Сусо.
Нивната вредност значително се зголеми, а Донарумама одамна е интерес на европските клубови. За Сусо исто така има неколку заинтересирани гиганти кои можат да ја платат бараата цена за него.