Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Герет Бејл, нема да може да го одигра мечот од 9. коло на шпанската Ла Лига со Мајорка поради повреда. Според информациите од Шпанија, тој може да го пропушти и натпреварот од 10. коло од шпанското првенство против Барселона.
Бејл се повреди на квалификацискиот натпревар со репрезентацијата на Хрватска (1:1).