По убедливиот пораз од Кил во Лигата на шампионите (31-20), неочекувано стигна тренерска ротација на клупата на европскиот шампион Вардар. Според информациите кои се проширија во јавноста, досегашниот спортски директор Едуард Кокшаров ќе ја има улогата на прв тренер на екипата, додека досегашниот прв тренер Давид Писонеро ќе биде негов асистент.
Наводно шпанскиот стратег ја прифатил оваа одлука на клубот од кого се уште се очекува официјално да ги потврди овие вести. Следниот меч за европскиот шампион е на гостински терен против Веспрем.