Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да обезбеди пласман во финалето на ИТФ фјучерсот во Анталија за награден фонд од 15.000 долари. Таа денеска беше совладана од Магдалена Пантучкова од Чешка со 2-0 во сетови 6-1 и 6-2.
Ѓорческа играше одлично до ова полуфинале, каде противничката покажа повеќе желба за големото финале и убедливо го доби мечот.
Сепак, Ѓорческа ја очекува финалето во двојки, заедно со Мариана Дражиќ.