По четиридневна борба за животот и со максимален напор од лекарите, американскиот боксер Патрик Деј им подлегна на тешките повреди на мозокот кој ги заработи во борбата против својот сонародник Чарлс Конвел.
27-годишниот професионален боксер доби тешки удари во последната рунда од нивната изедначена борба, која за жал се претвори во трагична за Деј.
„Патрик почина во средата навечер опкружен од својата фамилија, блиските пријатели и членовите на неговиот тим. Тој беше син, брат и добар пријател на многу луѓе. Неговата добрина, позитивност и дарежливоста направија да остави впечаток кај сите луѓе кои ги запозна во животот“, се вели во соопштението од неговиот промотер.