Македонската фудбалска репрезентација синоќа загуби со 2:0 на гостувањето кај Полска, а селекторот Игор Ангеловски истакна дека искуството на Полјаците беше пресудно за конечниот епилог на мечот. „Немам забелешки за борбеноста и залагањето. Се обидовме да ги надополниме отсуствата со борбеност. Издржавме речиси до крај, а потоа лошо реагиравме на една долга топка, што полската селекција знаеше да го казни. Пресуди нивното исксутво. Сега ни преостанува да собереме што е можно повеќе бодови во наредните мечеви, кои ќе ни послужат за подобра подготовка против Косово или кој и да е противник кој ќе ни следува во Лигата на Нации“, рече…
Author: saso
Дефанзивецот на белгиската репрезентација Тоби Алдервајрелд по победата на натпреварот од 8. коло од квалификациите за Европското првенство во 2020 година против Казахстан (2-0), изјави дека и покрај фактот што Белгија е веќе на ЕП, тие имаат цели и за последните две средби од квалификациите. „Мислам дека на секој натпревар мора да играме се подобро. Нашата цел е да освоиме 30 бода од можни 30. Ако можеме тоа да го постигнеме, тогаш последниот натпревар на домашен терен против Кипар ќе биде еден многу возбудлив и предизвикувачки дуел“, вели дефанзивецот на Тотенхем. Белгијците досега имаат 8 победи во 8 меча.
Напаѓачот на Хофенхајм, Ишак Белфодил избра да оди на операција на коленото поради неодамнешната повреда, поради што за него оваа сезона веорјатно е завршена. 27-годишниот фудбалер ќе биде подложен на интервенција по подолг период неуспешни обиди да се залечи повредата само со мирување. Белфодил долго време има проблеми со коленото, но во последните денови имаше и дополнителни компликации.
Поранешниот играч од средниот ред на Јувентус, Клаудио Маркизио не ја отфрли можноста да продолжи со тренерска кариера. 33-годишниот играч по раскинувањето на договорот со руски Зенит најави дека ќе се пензионира, а веројатно веќе сега размислува за почеток на тренерската кариера. „Не исклучувам ништо, но сè уште не сум донел цврста одлука. Ритамот на игра, физичката кондиција на играчите, атмосферата на натпревари секогаш ме воодушевуваше“, изјавил Маркизио.
Македонскиот и европски ракометен шампион Вардар, доживеа тежок пораз на домашен терен во мечот од 4. коло во Лигата на шампионите против германски Кил. Во едно катастрофално прво полувреме во кое „црвено-црните“ постигнаа само 4 гола од кој првиот од игра дури во 20 минута од средбата, беше јасно дека нема шанси против еден од големите фаворити оваа сезона дури и за освојување на европската круна. Кил на крајот славеше со 31:20 и му го нанесе првиот пораз на европскиот шампион. Најдобар кај Вардар беше Тимур Дибиров со пет постигнати гола, го следеше Кристопанс со четири додека Пекелер со осум гола…
Македонската А репрезентација оствари триумф против Словенија во квалификациите за ЕУРО 2020 и со дополнителен мотив за позитивен резултат патува за Варшава на дуел со силната Полска (13 октомври) во продолжението од квалификациите за Европското првенство. Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини го изрази своето задоволство од остварените резултати, истакнувајќи дека посакува оваа приказна да продолжи и да бидеме уште подобри. Управниот одбор на ФФМ одлучи да се исплати премија за репрезентативците во износ од 100.000 евра, парична награда која беше предвидена за постигнатиот резултат. „Уживаме во прекрасни фудбалски денови и посакуваме тоа да продолжи. Македонскиот фудбал по…
Еден од најдобрите светски голмани, Словенецот Јан Облак, по синоќешниот пораз во Скопје, вели дека одиграле очајно и сосема заслужено загубија од Македонија. „Излезе дека не бевме на ниво денеска. Не направивме ништо од тоа што требаше да го направиме. Загубивме, за жал, ама не ни заслуживме ништо повеќе од ова. Не заслуживме бод. Треба да ги кренеме главите горе, да се надеваме дека в сабота ќе бидеме подобри и да го дочекаме тој меч. Не смееме да бидеме како на овој дуел, каде што не направивме ништо. Игравме без памет, безглаво, напаѓавме безглаво… А требаше да се смириме, да…
Играчот за врска на екипата на Јувентус, Емре Џан, потврди дека не е среќен во редовите на Јуве, по доаѓањето на Сари. Тој досега одигра само 78 минути и тоа никако не го задоволува. „Не сум среќен моментално. Не играм многу за разлика од минатата сезона. Немам добиено шанса, а сакам да играм повеќе“, истакна Чан. Тој вели дека е благодарен на селекторот Јоаким Лев што воопшто го повика во репрезентацијата за овие октомвриски дуели. „Секако дека сум му благодарен за повикот. Не играм премногу, а тој ме повика. Среќен сум поради тоа“, истакна Џан.
Искусниот српски фудбалер Александар Коларов дефинитивно нема да ја засили Црвена звезда иако такво нешто деновиве се пишуваше по српските медиуми. 33-годишниот лев бек на српската репрезентација по пријателскиот натпревар со Парагвај, ја отфрли можноста за враќање во редовите на „црвено-белите“. Тој никогаш не играше за сениорскиот тим на Цвена Звезда, но беше член на младинскиот погон на клубот до 2004 година кога се префрли во Чукарички. „Црвена звезда е голем клуб. Играв за неа како дете, но моите амбиции не се да се вратам во нашиот фудбал. Дефинитивно ќе ја завршам кариерата во странство”, потврдил Коларов.
Задоволството од победата синоќа над Словенија не го криеше по мешот и повратникот на терените, Стефан Ристовски. Тој одигра повеќе отколку што беше планирано поради неговата повреда и даде свој придонес во овој голем триумф. „По неколку лоши презентации пред нашата публика можам слободно да кажам дека Македонија покажа еден цврст карактер, цврста игра, ја чекавме нашата шанса и ја искористивме. Веќе години наназад повторувам дека имаме одлични индивидуалци, но потребно беше да се склопат коцките и да го покажеме тоа на теренот. Убава атмосфера и мило ми е што стадионот беше полн денеска и што луѓето видоа дека Македонија…
