Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Сејдини: ФФМ ќе исплати премија од 100.000 евра
    Фудбал

    Сејдини: ФФМ ќе исплати премија од 100.000 евра

    sasoBy saso11/10/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската А репрезентација оствари триумф против Словенија во квалификациите за ЕУРО 2020 и со дополнителен мотив за позитивен резултат патува за Варшава на дуел со силната Полска (13 октомври) во продолжението од квалификациите за Европското првенство.

    Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини го изрази своето задоволство од остварените резултати, истакнувајќи дека посакува оваа приказна да продолжи и да бидеме уште подобри. Управниот одбор на ФФМ одлучи да се исплати премија за репрезентативците во износ од 100.000 евра, парична награда која беше предвидена за постигнатиот резултат.

    „Уживаме во прекрасни фудбалски денови и посакуваме тоа да продолжи. Македонскиот фудбал по триумфот против Словенија доби уште една причина за радост, но сакам да им порачам на фудбалерите и навивачите да останеме скромни и смирени. Убаво е да се видат полни трибини на Националната арена и нашата репрезентација на сите насловни страни, тоа ја покажува моќта на фудбалот. Како раководство на Фудбалската федерација на Македонија ветивме премија за репрезентацијата и ќе исплатиме сума од 100.000 илјади евра како награда за трудот и резултатите. Честитки и посакувам да ја продолжиме оваа убава приказна, да ја задржиме позитивната енергија и да бидеме уште подобри“, изјави Муамед Сејдини, претседател на ФФМ.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот

    29/09/2023

    ФК Вардар: Постои потенцијален инвеститор, но државата не реагира на нашите барања

    29/09/2023

    Стив Брус ќе биде нов селектор на Р. Ирска?

    29/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот
    • ФК Вардар: Постои потенцијален инвеститор, но државата не реагира на нашите барања
    • Рустемовски освои бронза на Балканското првенство
    • Стив Брус ќе биде нов селектор на Р. Ирска?
    • Мурињо: Ова е најлош почеток на една сезона во мојата кариера
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.