Задоволството од победата синоќа над Словенија не го криеше по мешот и повратникот на терените, Стефан Ристовски. Тој одигра повеќе отколку што беше планирано поради неговата повреда и даде свој придонес во овој голем триумф.
„По неколку лоши презентации пред нашата публика можам слободно да кажам дека Македонија покажа еден цврст карактер, цврста игра, ја чекавме нашата шанса и ја искористивме. Веќе години наназад повторувам дека имаме одлични индивидуалци, но потребно беше да се склопат коцките и да го покажеме тоа на теренот. Убава атмосфера и мило ми е што стадионот беше полн денеска и што луѓето видоа дека Македонија може и покажа. Се е отворено во оваа група, секоја победа ни значи. И да нема шанси Македонија за ЕП утре, за мене победа си е победа. Планот денеска беше да одиграм половина час, но знаете дека не сум човек кој се предава лесно и на мој ризик одиграв многу повеќе. Имав голема желба, особено пред нашата публика, а ретко кога имаме ваква атмосфера за игра“, изјави Ристовски.