Играчот за врска на екипата на Јувентус, Емре Џан, потврди дека не е среќен во редовите на Јуве, по доаѓањето на Сари. Тој досега одигра само 78 минути и тоа никако не го задоволува.
„Не сум среќен моментално. Не играм многу за разлика од минатата сезона. Немам добиено шанса, а сакам да играм повеќе“, истакна Чан.
Тој вели дека е благодарен на селекторот Јоаким Лев што воопшто го повика во репрезентацијата за овие октомвриски дуели.
„Секако дека сум му благодарен за повикот. Не играм премногу, а тој ме повика. Среќен сум поради тоа“, истакна Џан.