Напаѓачот на Хофенхајм, Ишак Белфодил избра да оди на операција на коленото поради неодамнешната повреда, поради што за него оваа сезона веорјатно е завршена.
27-годишниот фудбалер ќе биде подложен на интервенција по подолг период неуспешни обиди да се залечи повредата само со мирување. Белфодил долго време има проблеми со коленото, но во последните денови имаше и дополнителни компликации.