Искусниот српски фудбалер Александар Коларов дефинитивно нема да ја засили Црвена звезда иако такво нешто деновиве се пишуваше по српските медиуми.
33-годишниот лев бек на српската репрезентација по пријателскиот натпревар со Парагвај, ја отфрли можноста за враќање во редовите на „црвено-белите“. Тој никогаш не играше за сениорскиот тим на Цвена Звезда, но беше член на младинскиот погон на клубот до 2004 година кога се префрли во Чукарички.
„Црвена звезда е голем клуб. Играв за неа како дете, но моите амбиции не се да се вратам во нашиот фудбал. Дефинитивно ќе ја завршам кариерата во странство”, потврдил Коларов.