Author: saso

Медиумите во Италија денеска пренесоа вест дека Милан го известил Марко Џампаоло дека соработката меѓу двете страни завршува. Тоа значи дека денеска Милан и официјално ќе му го врачи отказот на тренерот, а на негово место ќе назначи ново име. Се зборува дека до крајот на денот, нов тренер на „росонерите“ ќе стане поранешниот тренер на Фиорентина, Стефано Пиоли. Договорот на Пиоли ќе биде на две години.

Read More

Македонската репрезентација до 21 година во Подгорица се подготвува за натпреварот против Црна Гора од квалификациите за Европското првенство 2021 година. По убедливиот триумф од 7:1 против Фарски Острови од отворањето на квалификацискиот циклус, нашата репрезентација се надева дека победничката низа ќе продолжи и по натпреварот на „ДГ“ арена во главниот град на Црна Гора. Дуелот со Црна Гора се игра на 10. октомври во 17:00 часот. Капитенот Јани Атанасов и напаѓачот Дарко Чурлинов велат дека овој дуел мора да се сфати максимално сериозно и целосно фокусирани на нашата игра. – Подготовките се одвиваат во најдобар ред. Најважно е што…

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, Томас Милер размислува да си замине од клубот ако ситуацијата не се промени. Светскиот шампион со Германија од 2014 година го загуби местото во тимпот по доаѓањето на Филипе Кутињо и има одиграно само 66 минути и тоа од клупатаво последните пет натпревари на Баварците. 30-годишниот Милер побарал разговор со првите луѓе на клубот, изразувајќи разочарување од неговата улога на резерва. Тој потенцирал дека пред извесно време можеше да оди во Манчестер Јунајтед кој беше подготвен да плати над 100 милиони евра за него, но Баерн одби да го продаде. Ако нешто не…

Read More

Холандскиот судија Дани Макели ќе ја дели правдата на дуелот меѓу Македонија и Словенија во квалификациите за ЕП 2020 во четврток во Скопје. Станува збор за еден од најквалитетните европски судии со кои Македонија веќе има исклуство во квалификациите. Имено, Макели ја делеше правдата и на дуелот меѓу Македонија и Италија на 9 октомври 2016 година, кога во Скопје !аѕурите“ не совладаа со гол во самата завршница на средбата (2:3).

Read More

Голманот на нашата фудбалска репрентација, Столе Димитриевски е убеден дека Македонија е подготвена да ја добие Словенија на дуелот во четврток во Скопје. Позитивната атмосфера и шансата да се приклучиме кон врвот на табелата ќе биде голем мотив за нашите репрезентативци. „Мораме да го дадеме максимумот како тим и да се обидеме да ги освоиме трите бода. Наша цел се токму трите бода затоа што обврска е да се победи на домашен терен. Ова се директни ривали кои мора да ги добиеме за да одиме понатаму. За нас е секогаш мотивација да играме на домашен терен. Мора да го дадеме…

Read More

Арсен Венгер, Лоран Блан, Реми Гарде и Тиаго Мота се на листата на можни наследници на Силвињо на тренерското место во екипата на Олимпик Лион. Според најтиражните весници во Франција, раководството на Лион откако вчера го разреши Силвињо, почна веднаш да бара негов наследник. До назначување на нов тренер, Лион ќе биде предводен од досегашниот помошник Жералд Батик. Очајниот старт на новата сезона и само 9 бода по 9 одиграни средби кои го оставија Лион на 14. место на табелата, се причината за разрешувањето на Силвињо од позицијата прв тренер на францускиот гигант.

Read More

Јувентус и ПСЖ влегоа во трка за 18-годишниот француски дефанзивец од екипата на Анжер, Рајан Аит Нури. Според информациите на угледниот „Л’Екип“, во зимскиот преоден рок, Јуве и францускиот првак планираат да го засилат левиот дел на одбраната и зато авеќе почнале разговори со агентот на младиот Нури, кој од стартот на сеознате е одличен. Вредноста на трансферот на играчот се проценува на 20 милиони евра. Сегашниот договор меѓу Нури и Анжер е заклучно до 2021 година.

Read More

Техничкиот директор на Расинг Поинт, Енди Грин, изјави дека во Формула 1 планираат да ја зголемат силата на шасијата поради фаталната несреќа на Антоан Хуберт во трката во Формула 2. „Бевме поканети да ги разгледаме правилата за јачината на шасијата. Темата ќе се дискутира на следниот состанок на техничката работна група. Не верувам дека ќе се направат големи промени до 2021 година, но сите знаат дека може да се направат некои корекции и за следната сезона“, изјавил Грин. На трката во Формула 2 во Белгија, францускиот тркач Анутан Хуберт почина во несреќа на патеката.

Read More

Емил Павлов (-60 кг) славеше со 3-1 е во финалето на Карате 1 Премиер лигата во Москва, против Турчинот Ерај и го освои златниот медал. Со оваа победа Емил ја врати самодовербата за големи резултати, па ако продолжи со овој ритам може да се надева дека ќе обезбеди норма за Олимписките игри во Токио 2020 година. Во петокот Павлов совлада имиња како како Даглас Бросе Калвис Калинис и Анџело Крешченцо, кои се светски прваци.

Read More

Енис Барди поради повреда не е во можност да биде дел од македонската А репрезентација за натпреварите против Словенија (10. октомври) и Полска (13. октомври) од квалификациите за ЕУРО 2020. Селекторот на нашата најдобра репрезентација, Игор Ангеловски во пресрет на натпреварите, дополнително прати повик за Ѓорѓи Стоилов од Академија Пандев и Марио Младеновски од Вардар. Двајцата ќе се бидат дел од првиот собир на репрезентацијата закажан за утре во 12:00 часот во хотел “Гранд Плаза”. Првиот тренинг на репрезентацијата е утре од 19:00 часот на Националната арена “Тодор Проески”.

Read More