Холандскиот судија Дани Макели ќе ја дели правдата на дуелот меѓу Македонија и Словенија во квалификациите за ЕП 2020 во четврток во Скопје. Станува збор за еден од најквалитетните европски судии со кои Македонија веќе има исклуство во квалификациите.
Имено, Макели ја делеше правдата и на дуелот меѓу Македонија и Италија на 9 октомври 2016 година, кога во Скопје !аѕурите“ не совладаа со гол во самата завршница на средбата (2:3).